Навивачите на Фиорентина сметаат дека им е украдено местото во четврт-финалето од Лигата на Шампионите. Фановите на `виолетовите`...
ги изразија своите чувства по мечот во кој нивниот тим беше исфлен од Лигата на Шампионите од страна на Баерн Минхен.По завршувањето на мечот навивачите пред стадионот почнаа да скандираат `крадци, крадци, крадци...` наменето за играчите на Баерн.
Нивното негодување исто така беше насочено и кон судијата Том Овребо кој во првиот меч не го поништи нерегуларниот гол на напаѓалот на Баерн Мирослав Клосе кој беше постигнат од офсајд позиција.
Токму оваа ситуација им помогна на германците да се пласираат во следната фаза од најелитното клубско натпреварување.



