www.bestweb.com.mk
Се наоѓате во делот: Почетна Фудбал Манчестер-Милан,Реал-Лион


Манчестер-Милан,Реал-Лион

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ке го пречекаат италијанскиот Милан во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите додека...

мадридски Реал е домаќин на францускиот Лион.

Екипата на Манчестер Јунајтед е во далеку поповолна позиција од својот ривал бидејќи пред три недели избраниците на Алекс Фергусон со 3:2 славеа во Милано.Јунајтед е во одлична форма а по победата во Милано забележија два триумфи во Премиер лигата и го освоија првиот трофеј во сезоната-Лига купот.

Главен проблем пред натпреварот за Фергусон претставува низвесноста околу настапот на напаѓачот Вејн Руни,кој во првиот натпревар постигна два гола и убедливо беше најдобар поединец на теренот.Водечкиот стрелец во Премиер лигата,кој оваа сезона постигна 23 гола,поради повреда на коленото го пропушти првенствениот дуел против Вулверхемптон но според последните најави најверојатно ке биде во стартните единаесет.Овој дуел поради повреди сигурно ке го пропуштат Вес Браун,Мајкл Овен и Рајан Гигс како и суспендираниот Мајкл Керик.

Милан изминатите години редовно го елиминираше Манчестер,но сега тимот кој го предводи Леонардо се наоѓа пред голем предизвик..Росоњерите се принудени на Олд Трафорд да бркаат гол негатива а ке биде интересно да се види и враќањето на Дејвид Бекам кој за прв пат на Театарот на соништата ке истрча во гостински дрес.

"Фергусон има многу битна улога во мојот живот.Додека претстојував во Манчестер ми беше како татко и секогаш ке му бидам благодарен.Голем предизвик е да се победат ѓаволите на нивни терен,имаме исклучително тешка задача но не се предаваме до последниот свиреж.Немаме што да изгубиме но затоа имаме голема шанса да се прославиме"-изјави Дејвид Бекам.

По спектакуларниот пресврт против Севиља во неделата,амбициозниот Реал ке се обиде да ко надополни минусот од еден гол од првиот натпревар против Лион.Некогашниот првотимец на лавовите,Карим Бензема е под знак прашање бидејќи се повреди на натпреварот во неделата,додека сигурно нема да настапат Ројсон Дренте и Пепе поради повреди и суспендираните Чаби АЛонсо и Марсел,но се враќа Кристијано Роналдо.

"Секако дека имаме тешка задача,но и отстварлива.Мораме од првата до последната минута да играме најдобро што знаеме.Доколку одиграме така мислам дека можеме да направиме резултат кој ни треба и кој ке не однесе во наредната рунда од натпреварувањето"-изјави Роналдо кој е стрелец на шест голови во досегашниот дел од најпрестижното клупско натпреварување на светот.

Во тимот на Лион нема да биде Мичел Бастос,но тренерот Клод Пауел е убеден дека неговиот тим има сили да го елиминара најтрофејниот европски клуб.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар
Треба да бидете логиран за да напишете коментар. Ве молиме регистрирајте се.

busy
 

Депортиво новости

Занимливости

Breaking News

                25 мај 2010 - Новости

- Марадона среќен со победата над Канада

- Последна средба Морати - Мурињо

- Ледли Кинг: Ке бидам здрав на СП

- Парк: Јужна Кореа се се подобри

- Мурињо сака многу голови од Роналдо

- Торес останува во Ливерпул

- Шпанија без Торес, но со Фабрегас

- Морати: Манчини не се враќа во Интер

 

                23 мај 2010 - Новости 

- Мајкон: Ако Мурињо ме побара, одам во Реал

- Вест Хем со понуда за Тиери Анри

- Пипо потпиша нов договор со Милан

- Марадона: Реал не го сака Игуаин повеќе

- Рома не го продава Мексез

- Робињо сака да остане во Бразил и оваа година

- Виља: Среќен сум што дојдов во Барса

- Рибери: Ќе го продолжам договорот

- Сер Алекс го купува Бензема од Реал

- Моџи: Златан ќе биде идеален за Милан

 

Facebook група

Анкета

Словачка - Македонија
 

Пријатели

Присутни

Има 28 гости присутни