Тренерот на Интер Жозе Мурињо може да биде казнет поради разговорите со својот асистент на натпреварот со Џенова минатиот викенд...
Мурињо минатиот месец беше осуден на три натпревари суспензија за управување на тимот поради гестот што го направи на судијата Паоло Таљавенто кога ги исклучи двајцата играчи на Интер на натпреварот со Самдорија. Тој на мечот со Џенова е виден како му дава тактички совети од трибините на помошникот тренер Џузепе Барези и сега Португалецот би можел да биде дополнително казнет.
Минатиот месец тренерот на Кремонезе Роберто Вентурато додатно е суспендиран на уште еден меч затоа што за време на суспензијата од трибините давал тактички инструкции на својот асистент.



