Пол Сколс призна дека голот за пресврт на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите пред три недели е најлошиот кој некогаш го постигнал...
Росоњерите доминираа во првото полувреме и голот на Роналдињо најавуваше сигурна победа.Сепак Манчестер успеа да изедначи на неверојатен начин а потоа и да ја превземе контролата на натпреварот.Сколкс неуспеа да го зафати центаршутот на Антонио Валенсија,но топката се одби од ногата на која што стоеше и го измами Дида за 1:1.
"Тоа е веројатно еден од најнеубавите голови кој некогаш сум го постигнал.Не е тешко да се признае тоа.Сакав да шутнам со десната но топката ми се одби од левата нога.Сепак гол си е гол.Ни беше потребен бидејќи по 20 минути можевме да губиме и со три или четири нула.Од израмнувањето се беше поразлично и видовме дека можеме да победиме"-рече Сколс.



