Дејвид Бекам ја уверува фудбалската јавност дека не е нервозен пред мечот со Манчестер на Олд Трефорд...
Англските и Италијанските медиуми потрошија многу хартија пишувајки за враќањето на Бекам на Олд Трафорд, но во друг дрес. Бекам со Милан ќе проба на Олд Трафорд да ја надомести негативата од 3:2 која ја заработи италијанскиот клуб на првиот натпревар.
`Дали сум нервозен? Не сум, само сум среќен што првпат по седум години повторно ќе заиграм на Олд Трафорд. Во Манчестер ќе сретнам многу луѓе кои ме поддржуваа сите години додека играв таму. Мојот сон секогаш беше да играм за Манчестер но никогаш не сум замислувал дека ќе играм против него.` - изјави Бекам и го прокоментира престојниот натпревар:
`На Олд Трафорд секогаш е тешко за игра и за победа, а поготово со 2:0. Но ако играме добро и ако создаваме добри шанси, имаме играчи кои тоа можат да го искористат. Знаеме дека не чека тешка задача но ништо не е невозможно.` - заврши Бекам



