Тримесечната медиумска тишина најдобриот голф играч на светот Тајгер Вудс, ќе ја прекине овој петок...
Во петок ќе биде ставено крај на медиумскиот молк кој започна по откривањето на секс скандалите на Тајгер Вудс кој неодамна излезе од клиника каде се лечеше од сексуална зависност. Со него беше и неговата сопруга. Парот наводно сака да го зацврсти својот брак кој се разниша по откривањето на секс аферите на голферот со дури четиринаесет девојки со кои ја изневерувал својата сопруга.
Неговото обраќање ке биде пред мал број на новинари од селектирани медиумски куќи.
Се очекува јавно извинување од Вудс и изнесување на неговите планови во врска со неговата кариера.



