Американката Линдзи Вон, најдобрата жена скијач на денешницата го освои своето прво олимписко злато...
Не може да се опише радоста на Вон кога ја помина целната линија. Иако го имаше редниот број 16. таа како да знаеше дека златото е нејзино откако успеа да ја симне од тронот нејзината сонародничка и ривал уште од детството, Јулија Манкусо. Вон беше побрза од Манкусо за 56. стотинки. На крајот трето место и припадна на австријката Елизабет Гогл која заостана зад Вон една секунда и 46. стотинки.Швеѓанката Ања Персон на можеби ќе дојдеше до сребрениот медал да не паднеше на последниот скок долг. 58. метри. Персон изгуби рамнотежа додека беше во воздухот и падна при доскокот непосредно пред целта. Брзо после падот таа успеа да седне на снегот и накратко да стане. Засега не се знае колку е тешка нејзината повреда.
Истата судбина ја снајде и швајцарката Доминика Гисин која падна на последниот скок. Уште неколку скијачки не ја завршија трката.



