Нејт Робинсон од Њу Јорк Никс е победник во натпреварот во забивање на ОЛ Стар викендот во Далас додека Пол Пирс...
од Бостон Селтикс беше најдобар во шутирање тројки.По трети пат во кариерата Робинсон победува во натпреварот во забивање со што стана единствен во историјата на НБА лигата.Во финалната пресметка Робинсон беше подобар од ДеМар ДеРозан од Торонто а по подигањето на пехарот најави дека веќе нема да се пријавува за овој дел од Ол Стар натпреварот.
"Не,не...Три пати победувам и тоа е сосема доволно"-рече само 175 сантиметри високиот плејмејкер на Никси кој до победата стигна со забивање така што ја фрли топката од табла,ја прифати,се сврте за 180 степени и заби.
Освен оваа сабота Робинсон беше најдобар и 2006 и 2008 година кога го победуваше Двајт Хауард од Орландо.
Во натпреварот во тројки најдобар беше Пол Пирс задржувајќи ја смиреноста во финалната серија кога во прашање беа последните топки од серијата кои носеа по два поени.Вкупно во финалната серија имаше 20 поени и го победи Стефан Кари од Голден Стејт кој имаше 17 поени и Чонси Билапс од Денвер кој имаше 14.
Последен пат во натпреварот во тројки на Ол Стар викендот,Пирс се натпреваруваше во 2002 година кога забележа неславен рекорд од само осум поени.



