Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Барселона не е во препознатливата голгетерска форма. Но и покрај тоа тој не е загрижен...
Со оглед на тоа што веќе подолго време ја нема затресено противничката мрежа на противниците во Примера, Ибрахимовиќ констатираше: `На напаѓачите во Серија А им е многу потешко да постигнат гол отколку во Примера. Во Италија ми се случуваше по 80. минути да не дојдам во контакт со топката. Веднаш потоа се наоѓаш во шанса која ќе биде единствена на натпреварот и мораш да реализираш, бидејќи сите ќе ти судат по таа шанса. Ако дадеш гол секоја чест, ако не осуден си на силни критики.`
`Затоа луѓето во Италија ги сакаат Инзаги и Трезеге. Тие се вистински стрелци, многу малку им е потребно за гол` - изјави Ибра и додаде:
`Доаѓањето во Барселона за мене е враќање на деновите кога играв за Ајакс. Се е различно, тука се игра фудбал. Шансите се нижат, имаш простор за игра. Во Италија е најбитно да победиш макар тоа било со 1:0. Таму сите велат, што ти вреди добар фудбал ако не си победил.`
`Затоа јас не сум загрижен поради отсуството на моите голови во Барселона, секоја асистенција ми е еднакво вредна како и гол` - заврши швеѓанецот.



