Покрај главоболките што му ги создаваат лошите резултати на неговиот состав, Леонардо е соочен со фактот дека...
... опоравувањето на Пато и Неста не е со посакуваното темпо. Неста ја лечи повредата на задната ложа додека Пато има проблем со мускулите.`Ова трае премногу долго, ќе мора да ја видиме нивната состојба наредните неколку дена. За настап ќе мора да одработат неколку тренинга и да ја видиме нивната форма. Не сум сигурен дали ќе бидат подготвени за настап против Удинезе викендов и против Манчестер другата недела. Јас се надевам на најдоброто но морам да ги разгледам и другите опции.` - изјави Леонардо
Милан нема победа веќе четири натпревари по ред во сите конкуренции а на 16. овој месец го пречекува составот на Манчестер кој е во одлична форма.



