Фудбалерите на Јувентус веќе 5 средби не знаат за победа, а на последните 8 натпревари имаат само една...
Јувентус одигра само реми на гостувањето кај Ливорно (1:1). Ова е второ реми за Закерони на клупата на Јувентус по одиграните 1:1 минатото коло против Лацио. Домаќините дојдоа во водство во 26. минута преку Филипини за 16. минути подоцна Легротаље да го постави конечниот резултат на овој наптревар 1:1.
`Мојот состав правеше премногу грешки во средината, особено во моментите кога се трансформиравме од напад во одбрана. Да се прими гол на ваков начин е неприфатливо. Играчите не смеат да остават некој од своите противници сам во 16. метри, баш како во случајот кога го примивме голот.`- изјави Закерони по натпреварот.



