Бразилецот беше на мета на онлајн крадци. Сепак, банката беше внимателна и Роналдињо ги сочува 800 000 евра колку имал на една сметка...

Роналдињо за малку ќе останеше без 800 000 евра. Всушност, хакерите кои ја следела неговата мајка, заедно со мејловите некако дошле до бројот на банкарската сметка и лозинката.
Тие се обиделе да ги подигнат 800 000 евра, но проблемот бил во тоа што за подигање на пари лимит било 35 000 евра. Банката се посомневала, ја блокирале сметката и го информирале Роналдињо, па така тој си ги спаси парите.
Потоа хакерите се уапсени и обвинителството за нив бара 3 години затвор и парична казна од 12 000 евра.



