Нови сомнежи во врска со наместен натпревар на Загреб Опен.Минатата година на тапет беше победата на аутсајдерот Веич над Кањас...
...а сега дуелот помеѓу Петар Јелениќ и Илија Бозољац.Инаку се работи за натпревар од првото коло помеѓу домашниот тенисер Јелениќ кој е 544 на листата и фаворизираниот Бозољац.Јелениќ се пожали на грчеви и побара помош од докторот,сите си помислија дека е готово и во тие моменти квотата на Бозољзц падна на 1,01 додека за победа на Јелениќ скокна на 100.
Некој ги "одрал" Бетфер бидејќи Бозољац загуби четири гема во серија,а на победата на Јелениќ е уплатено околу два милиони евра.За меч од првото коло на еден мал турнир оваа сума на 100 коефициент е премногу за да не се посомневате.
Директорот на турнирот Бранко Хорват демантираше дека имало местење,не само на овој меч туку и за дуелот помеѓу Додиг и Королев.
"И Додиг и Јелениќ одиграа одлично,на Бозољац му се здрвија рацете кога виде дека може да победи"-рече Хорват кој минатата година добиваше закани од губитниците во обложувалниците па мораше да пријави во Интерпол.



