На третиот и последен ден од тестирањето во Валенсија, вниманите на јавноста го привлече двократниот светски шампион Фернандо Алонсо...
Алонсо пред домашната публика за првпат седна во новиот болид на Ферари долго најавуваниот Ф10. Тој седна во болидот откако предходните два дена неговиот клубски колега Фелипе Маса остваруваше најдобри резултати на патеката. Според првите сознанија уште по неколку извозени кругови Алонсо поставил најдобро време на патеката кое остана до крајот на тестирањето. (1:11.905)
Покрај Алонсо и други пилоти имаа можност за првпат да ги тестираат своите болиди. Актуелниот шампион Џенсон Батон седна во новиот МП4-25 болид на Мекларен, Виталиј Петров го испроба својот Рено Р30, Нико Халкенберг - Вилијамс ФВ32...



